topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Divider
Arrow Bullet Arrow Bullet Arrow Bullet
Divider Divider Divider
Dot Bullet
Покуќнина од дрво
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Покуќнина од метал
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Текстилна покуќнина
Dot Bullet
Dot Bullet
 
Dot Bullet
Dot Bullet
   
Dot Bullet
Dot Bullet
   
Dot Bullet
Dot Bullet
   
Dot Bullet
Пијалаци    
           

 Покуќнински предмети од стакло, керамика, порцелан

Традиционалните покуќнински предмети од земја  биле едноставно изработени и издржливи во употребата, а се јавувале како неопходен инвентар во градската куќа. Тие биле продукт на грнчарскиот занает, а биле изработувани од земја(глина) на ножно грнчарско колце. Честопати предметите биле глеѓосани одвнатре и однадвор, а биле  украсувани со боење, со апликации и др.

Познат центар за производство на грнчарски производи бил во скопското село Драчево од каде готовите производи биле  носени на Бит-пазар. Садовите од земја за секојдневна употреба во голем број градски семејства ја задржале својата форма уште од минатото. Според начинот на употреба, овие традиционални предмети се делеле на предмети за готвење и чување храна, вода, вино, ракија, како и предмети за празнични обредни прилики. Во градските куќи се користеле земјани тави со капак или без него, каленици со толчник или без него, грниња со рачки и капак, бардаци, стомни за чување течни и зрнести производи и др. Земјаниот мангал бил типичен сад за загревање на просториите во куќата и се користел  во голем број  скопски домаќинства.

Во поимотните градски фамилии грнчарските производи биле потиснати од порцеланските или металните. Сепак, најраспространети биле бакарните садови со капаци кои задолжително биле калаисани.

Начинот на живот во градот се менувал брзо. Керамиката, порцеланот и стаклото станувале неопходни во секојдневниот живот. Тие претежно биле увозни, со фабрички знаци на познати порцелански европски и светски фирми. [1]

 

37.18. Стаклена вазна од семејството на Радмила Хрисоко Ставриќ, МГС

 Од архивските и библиографските извори се забележува организирана трговија во Скопје со најскап т.н. “син порцелан”.  Од многуте трговски дуќани на граѓаните им биле нудени порцелански чинии во сите големини, шолји за супа, чај,  бело и црно кафе со чинивчиња или без нив.

 

37.19. Порцеланска ламба за осветлување, МГС

 

Уште од првите децении на 20 век во Скопје имало голема понуда на стаклени производи, чаши за вода, ракија, вино, пиво, тегли, сифони за газирана вода, сервиси за јадење,  ѕидни и столни ламби, лустери итн. [2]

 

37.20.  Ламба за осветлување со стаклено постолје, МГС инв. бр.

 

37.21. Лустер, МГС инв. бр. 2579

 

Асортиманот на стаклени производи бил разновиден - проѕирно, матирано, рачно обоено, насликано стакло кое било подостапно за купувачите отколку порцеланот. Занаетчиите,  гравери на  стакло ги украсувале стаклата со цртежи. Во некои побогати куќи биле изработувани и витражи. Со изработка на огледала за различна намена се занимавале посебни занаетчии, брусачи на стакло, гравери или изработувачи на огледала. [3]

Во тој период се појавила и посебна уметност, сликање на порцелан, фајанс или изработка на мозаици. Уметничкото обликување на предметите од секојдневниот живот било особено ценето.  Богатите скопски фамилии имале увозни порцелански сервиси за јадење кои ги употребувале само во свечени прилики. На пример, семејството Велкови имало англиски порцелански сервис за јадење “Розентал”.


 

[1] .Проф д-р Љубомир Цветков, “Познавање на стоката со наука за исхрана”Скопје 1991, 187-189.

[2] .”Адресар трговачких и индустриских...”, 72-86.

[3] .Д-р Чеслав Никитовић,”Занатство..”, 232.