topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Divider
Arrow Bullet Arrow Bullet Arrow Bullet
Divider Divider Divider
Dot Bullet
Покуќнина од дрво
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Покуќнина од метал
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Текстилна покуќнина
Dot Bullet
Dot Bullet
 
Dot Bullet
Dot Bullet
   
Dot Bullet
Dot Bullet
   
Dot Bullet
Dot Bullet
   
Dot Bullet
Пијалаци    
           

Храна од растително потекло

Житата претставувале значаен фактор во исхраната на скопјани. Најголемо значење имале пченицата, оризот, пченката, а се употребувал и р'ж, јачмен, овес, просо и елда (црна пченица). Житните култури многу малку се користеле во исхраната во вид на зрно, туку се преработувале во мелнички производи кои всушност претставувале полупроизводи од кои подоцна се правеле финални производи  - леб, печива, тестенини, кекси и слично.

Лебот и печивата се приготвувале од пченично, 'ржано, јачмено и пченкарно брашно. Зрното  се дробело, се мелело и од добиеното брашно се правел леб и други производи од тесто.  Лебот се јадел со манџи,  макала,  со сол, од него се правела попара, двопек и слично.

Во градот имало седум фурни, сопственост на Ѓоко Хаџи Ристиќ. Во фурните се печеле разновидни производи, кифли, лепињи, векни за кафеани, переци и др. Освен леб, симит, ќаја, ѓевреци, во фурните се печеле и разни јадења што  се носеле од градските куќи, разни видови месо, теста, ѓувечи, папазјании итн. Печењето се плаќало на сметка што се правела за шест месеци. [1]

Освен, леб, пити, погачи од пченично (бело) брашно, се употребувало и црно (потемно) брашно од 'рж и јачмен. Честопати лебот и другите производи се приготвувале и од мешано брашно. Со оглед на тоа  дека поголемиот дел од населението бил сиромашен, пченичното брашно обично се чувало за некоја специјална прилика, односно за празници, слави и сл., додека секојдневно се употребувало брашно од пченка, како и пченица во зрно, ориз итн.

Биле произведувани и  разновидни производи од пченка како скроб, пуканки, снегулки од пченката и друго. Најомилени  јадења приготвени од брашно биле домашниот леб, како основна храна, комати, погачи, пити со разни додатоци -  сирење, спанаќ, тиква, месо, соленик од пченкарно брашно, мазник, проја, бурек, бакрдан, питулици и др.


 

[1] .Д-р Јован Хаџи Васиљевић, “Скопље и његова околина”, 1930,  86.