topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Divider
Arrow Bullet Arrow Bullet Arrow Bullet
Divider Divider Divider
Dot Bullet
Покуќнина од дрво
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Покуќнина од метал
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Текстилна покуќнина
Dot Bullet
Dot Bullet
 
Dot Bullet
Dot Bullet
   
Dot Bullet
Dot Bullet
   
Dot Bullet
Dot Bullet
   
Dot Bullet
Пијалаци    
           

Зеленчук

Од прехранбените артикли од растително потекло значајно место во исхраната заземал зеленчукот. Во Скопје и во околината имало доволни количини на компири, домати, цвекло, кромид, лук, моркови, калераба, зелка, праз, кељ, спанаќ, зелени салати, трупки-ротквици, пиперки, боранија, грашок, грав, тиквички, тикви, печурки и различни зачини.

Зеленчукот освен во свежа состојба се јадел и подготвен, сушен зеленчук, скиселен, мариниран, зеленчук во вид на сокови, сосови и слично. Од зеленчукот се приготвувале најразновидни течни јадења, манџи. На пример, јадења од зеленчук со месо или без него биле тавче-гравче, компир-манџа, зелка-манџа, сарми од зелка или од лозов лист, спанаќ и многу други.

Компирот се приготвувал на повеќе начини. Од него биле приготвувани основни јадења или  се користел како додаток. Во исхраната на жителите од Скопје се употребувале локалните земјоделски производи како домати, пиперки, моркови, цвекло, зелка, краставици, бамји, тикви и сл.

Зеленчукот се одгледувал во околината на Скопје. Луѓето кои се занимавале со производство на зеленчук се викале бавчованџии.  Бавчите обично биле покрај проточни води неопходни за наводнување на градините. [1]   За таа цел служеле и јазовите. Познати јазови во Скопје во тоа време биле: Јазот од Капиштец под Хигиенскиот завод, преку населбата Пролет сé до Железничкиот мост. Во Кисела Вода, исто така течел јаз.  Заради тоа, на овие простори биле најубавите бавчи.  Зеленчукот се приготвувал и за зимница. Секоја куќа приготвувала зеленчук на различни начини  за исхрана во  зимскиот период.

Составен дел на зимниците и туршиите биле зелените и црвените домати, морковите, пиперките, зелката, карфиолот, малите дињчиња, лубениците и слично.  Се ставале во солило од вода, сол и оцет  и на овој начин зеленчукот можел да се чува подолго време, обично до пролет.

Пиперките се употребувале свежи, кисели и  суви,   печени и пржени. Во народната кујната на жителите на Скопје, пиперката претставува еден од основните  продукти во исхраната. Од другите позначајни зеленчуци треба да се спомене гравот, грашакот, леќата, боранијата и др. Гравот во исхраната се употребувал многу, бидејќи лесно заситува. Поретко во исхраната се употребувала леќа, грашок и боранија.

Појадокот  на децата се состоел од кајмак, собран од  2 до 3 кг  сварено млеко со сол  што се  мачкал на леб или пак на натопен леб се посипувал шеќер и кафе и тоа претставувало богат појадок. За ручек се правеле различни јадења, а покарактеристични биле “шкето” од магдонос и јагнешко месо, “бурјанче” - јагнешко и ориз, сарма, печено јагне, јанија, капама со црни сливи, свинско месо и грав двапати неделно, во среда и петок.  Лебот го купувале во фурни.  Поретко се правеле слатки гурабии, баклава, теспиште - слатко кое се правело од вриен зејтин.  Се варел пепел со вода во ѓезве, се процедувал, а чистата вода пепелница се ставала во зовриениот зејтин капка по капка, полека, за да не претече. За тоа време капакот се држел над тенџерето, а потоа се додавала останатата пепелница во поголема количина. Откако водата ќе провриела, во зејтинот се ставало брашно,  смесата се претурала во тепсија и се парела со шеќер и вода, се сечела како баклава, а секое парче се украсувало со бадемче. Теспиште се правело во посвечени прилики или за повојница, баклава за Божиќ, а кадаиф на Прочка.  За зима се подготвувало зимница - туршија, зелка, ајвар, лутеница, се колело свиња и месото се чадело во чадилницата за месо што Стефан ја направил во својот двор, па откако ќе го исчаделе,  месото го чувале на таван закачено на греди. Ставале и грозје во бочви бидејќи имале лозје од 10000  гиџи(корени). Ставале  слатко во тегли за зима од сите видови овошја, но и од ситни модри патлиџани. [2]


 

[1] Д-р Милош Константинов, “Македонци”, Скопје, 1992, 241.

[2] Ганка Цветанова, сеќавања, теренски истражувања во 1996 год.