topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Divider
Arrow Bullet Arrow Bullet Arrow Bullet
Divider Divider Divider
Dot Bullet
Покуќнина од дрво
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Покуќнина од метал
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Текстилна покуќнина
Dot Bullet
Dot Bullet
 
Dot Bullet
Dot Bullet
   
Dot Bullet
Dot Bullet
   
Dot Bullet
Dot Bullet
   
Dot Bullet
Пијалаци    
           

Храна од животинско потекло

Најзначаен продукт во исхраната од животинско потекло било  месото. Месото се чувало подолго време со конзервирање со посолување, сушење, чадење и др. Сите начини на конзервација на месото биле застапени уште во минатото. Освен свежо, се користело и солено и солено - сушено месо. Во Скопско   се практикувало солење и саламурење на месо. Солењето на месото се правело со сува сол или со раствор од сол и вода или саламурење со додавање на некои видови алкални нитрати (натриева или калиева сол и шеќер). [1]

Месото го чувале и во бунарите, го ставале во заврзана кофа и го пуштале најдолу во бунарот, каде што температурата била ниска. Месото се чувало и во студени подруми. [2]  

Од сите видови месо најмногу се солело свинското месо,  а помалку говедското и овчото. При саламурењето, солта ја потиснувала водата што спречувало развој на микроорганизми и на ферменти. Повеќе се користела сувата постапка на солење на месото.

Сушењето на месото и на месните преработки се вршело со помош на чад. Сушењето било краткотрајно и долготрајно. Со краткотрајно сушење се отстранува само поголем дел од водата, а подолгото чадење, поради топлината на чадот и воздухот, отстранува поголем дел од водата останата по солењето, додека состојките на чадот дејствуваат антисептично, уништувајќи ги микроорганизмите и создавајќи тенка кожичка на површината од чадените парчиња месо. Состојките на чадот    на месото му даваат пријатен мирис и вкус.

Во Скопје постоел пастрма - пазар каде што се продавало суво месо, пастрма од козјо и овчо месо и др. [3]

Во поглед на вкусот, бојата и мирисот, месото од дивеч многу се разликува од месото на домашната живина и добитокот за колење. Месото од дивеч во скопското кулинарство не било за потценување. Него го приготвувале со таканаречен пајц (бело вино ) или оцет со зеленчуци, лук, лорбер и др.

Најупотребувани јадења со јагнешко месо биле кукурекот, плетени јагнешки цревца, дроб-сарма, полнет ширден, турли-тава. Од телешко месо со зеленчук биле правени многу јадења - телешки јазик, телешка јанија, шницли на шарпланински начин. Особено богати биле јадењата што се подготвувале за Божиќ, Велигден, Ѓурѓовден итн.

За исхраната на скопјани Васил К'нчов пишувал: “... леб се приготвува дома. Месото и зеленчукот се многу евтини. Преку цела година се продава месо по 30, ретко до 40 стотинки стара ока. Вино има секоја куќа од свое лозје. [4]

Според д-р Јован Хаџи Васиљевиќ месо се јадело двапати неделно. Луѓето слабо се хранеле, а имало фамилии кои купувале месо еднаш месечно. [5]

Разновидноста на асортиманот на месните производи во Скопје, во периодот меѓу двете светски војни бил голем, но само мал дел од населението можел да си дозволи таква храна. [6]

Во Скопје многу повеќе се трошело растително масло отколку животински масти. Но, со оглед на потрошувачката на масло и на населението од околината на Скопје, може да се заклучи дека и двата вида се трошеле подеднакво. [7]

Во првите децении на 20 век во Скопје имало неколку работилници за приготвување на колбаси кои работеле според старите балкански рецепти, продолжувајќи ги народните традиции во преработката на месото.

 

38.1. Работилница за изработка на колбаси, МГС

 

38.2. Месари фотографирани во 1934 год., МГС инв. бр. 4820

Фамилијата на Стефан Петровски се хранела добро. За време на ручекот задолжително се собирала целата фамилија - родители, деца, внуци. Таткото на семејството, Стефан, практикувал првата година брачните двојки да живеат во заедница со родителите и со помладите браќа и сестра. Така, за време на ручекот, на масата седнувале од 12 до 15 луѓе заедно. Со домаќините се хранела и послугата. Секоја сабота се колело јагне, јаре или прасе. Честопати,  домаќинката приготвувала чорба од телешка  глава на посебен начин. Таа во чорбата додавала китка магдонос, лукче, бибер и слично, заради што јадењето станувало многу повкусно. Телешка или свинска глава се приготвувала и цела, во поголемо земјано тенџере со капак што се лепел за тенџерето со тесто. Понекогаш  глава се носела на печење и во маалската фурна. Во маалската фурна се печеле и други јадења. [8]

Кујната на семејството Божиновски била специфична. Покрај традиционалните македонски јадења - мусака, ќумлек, тава-ориз и др., се  готвеле и германски специјалитети како ринфлајш, телешко месо со рибич и многу зеленчук, морков, целер, пашканат, струган рен кој  се попарувал  со бујон од супа. Во нивното семејство се јадело многу риба, а кисело млеко купувале од соседи Галичани кои млекото го мереле на кило или со лажица. Била приготвувана и пита  која ја печеле во маалските фурни. [9]


 

[1] Ивана Ристиќ, “Познавање на стоките со технологија”, Занимање готвач и слаткар, „„„ клас, “Просветно дело”, Скопје 1989, 127.

[2] Матица Павловска Димишкова, сеќавања, теренски истражувања во 1996 год.

[3] Ивана Ристиќ, “Познавање на стоките со технологија”, Занимање готвач и слаткар, „„„ клас, “Просветно дело”, Скопје 1989, 108.

[4] Васил К'нчов, “Избрани произведениÔ”, Том „„, Град Скопие, Софија 1970, 49.

[5] Д-р Јован Хаџи Васиљевић,”Скопље и његова..”, 176.

[6] Цени на животни намирници од 25.12.1935 год., “Скопски Гласник” бр. 397, 1935, 5.

[7] Основе здравствене и социјлне политике у Скопљу, “Скопски Гласник”, бр. 333 од 20.10.1934, 5.

[8] Драгиња Стефановска, сеќавања, теренски истражувања во  1995 г.

[9] Елена Божиновска, сеќавања, теренски истражувања во 1995 год.