topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Divider
Arrow Bullet Arrow Bullet Arrow Bullet
Divider Divider Divider
Dot Bullet
Покуќнина од дрво
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Покуќнина од метал
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Текстилна покуќнина
Dot Bullet
Dot Bullet
 
Dot Bullet
Dot Bullet
   
Dot Bullet
Dot Bullet
   
Dot Bullet
Dot Bullet
   
Dot Bullet
Пијалаци    
           

Млеко и млечни производи

Млекото претставувало важна компонента во исхраната на скопјани. Од млекото се добивале разни млечни производи и тоа: маст, масло, сирење, урда, кашкавал. Млекото се користело свежо или се поткиселувало.

На скопската софра отсекогаш имало млеко. Мрсниот дел од млекото се собирал  од површината по подолго стоење и тоа во кисела или слатка состојба.

Маста (путер) претставувала важна компонента  во исхраната. Слатка или кисела, непастеризирана или пастеризирана павлака се матела во бутин - дрвени, длабоки, во горниот дел тесни буриња, со помош на бучка. При матењето ситните делчиња на маста се спојувале во поголеми грутки, потоа маста се цедела, се миела и се пресувала во парчиња. Всушност, тоа е стврдната млечна маст со зрнеста структура, мошне хранлива и лесно сварлива материја, заради што била ценета како прехранбен производ. Маста се чувала во дрвени и покриени буриња на ладно место. За најдобра маст се сметала маста од млеко од биволица.Освен млеко од овци, кози и крави, многу се користело и млеко од биволица. Во Скопска Блатија  повеќе се чувале биволи за млеко, отколку крави. [1]

Краварите и биволичарите биле први млекари. Тие одгледувале крави и биволици исклучиво за млеко за продавање. Овие млекари немале посебни дуќани за продавање на  млеко, туку го носеле по улици и куќи. [2] Санитетското одделение, поради уличното продавање на млеко, издало наредба за разнесување на млекото, според која   млекото морало да биде чисто, не разводенето, пастеризирано и варено.

На кантата во која се разнесувало млекото, морало да има натпис за млекото кое се продавало (обрано, пастеризирано). Буквите на натписот морале да бидат високи и големи до 60 мм.

Под поимот млеко се подразбирало кравјо млеко, а ако млекото било овчо, козјо или биволско, тогаш  требало да биде означено со натпис. Мешањето на млекото било забрането. Садовите во кои се разнесувало млекото не смееле да бидат од бакар, цинк, олово, а по потреба морале да бидат миени со топла вода, исцедени, исушени и херметички затворени. Млекото од кантите се претурало со посебни цедалки. По молзењето, млекото се процедувало низ густа крпа. Колите кои го пренесувале млекото не смееле да се употребуваат за пренос на друга стока. Облеката на млекарите кои разнесувале млеко морала да биде чиста, со бела престилка или пак бел мантил, бела крпа за бришење на рацете и др. Секој продавач на млеко морал да има уредна легитимација. [3]

 Честопати, скопските фамилии употребувале топена маст. На скопските пазари се продавала ваква маст  за   жителите на градот. Пазариштето кај Валијата, покрај тврдината Кале и црквата Св. Спас во Скопје, било поделено на одделни пазари кои биле наречени според артиклите што  се продавале. Така, на Јаг-пазар се продавале маст и кашкавал,  на Чумлек-пазар  кашкавал, урда, млеко, маќеница и др. [4]

Во Скопје најомилени млечни производи биле овчото сирење и урдата. Речиси не постоела софра на која  не  се јадело сирење. За изработка на сирење се употребувало кравјо, овчо, козјо или мешано млеко. Маста од млекото најчесто  се употребувала при месење на пита со разни зеленчуци и  јајца. Маќеницата најмногу се јадела навечер со дробено лепче. Посиромашното христијанско население во летниот период се хранело со макало од лук и киселина и поретко кисело млеко со краставици. [5]

Секојдневно се користело и кисело млеко кое се добивало со поткиселување на варено млеко. За правење кисело млеко во домаќинствата се користеле грнчарски или дрвени чинии. Покрај свежото кравјо млеко кое најмногу се трошело во градот, се произведувало и кисело овчо млеко и јогурт што  заедно  со лебот биле основна храна  за сиромашните слоеви во градот. Основна млечна храна кај Турците било слаткото и киселото млеко и слатките колачиња. Одамна било познато дека млекото е покорисно во поткиселена состојба, во вид на сирење, кашкавал и сл. [6]

Млекото претставувало дел од секојдневната исхрана на децата, возрасните и старите луѓе. За потрошувачката на млекото во споменатиот период нема многу   податоци бидејќи за него не се наплатувала такса. Според некои податоци, во 1930 година, просечната бројка на потрошено млеко изнесувала 4339 литри дневно или 1.483.755 литри годишно, а во 1934 година таа се зголемила и изнесувала 4502 литри дневно. Во 1930 година на едно лице доаѓале 22,8 литри млеко, а во 1934 година , 25,3 литри и тоа најмногу во април, мај и јуни.

Во својата исхрана скопјани најмногу консумирале млеко од крави, биволици, кози  и овци . [7]

Населението се снабдувало со млеко од околните села, а најмногу од млекари-поединци.12 Најголем производител на млеко била Млекарската задруга во Душановац со просечна количина од 800.100 литри млеко годишно. [8]

Скопската млекарница започнала со стерилизација на млекото во 1934 година. Стерилизираното млеко било наменето за доенчиња по препорака на детскиот диспанзер на Хигиенскиот завод и Општинскиот детски диспанзер.

Стерилизирано млеко можеле да  добијат доенчиња што останале без мајка или имале болна мајка, или пак во недостиг на мајчино млеко. [9]

Освен, т.н.  “кап” млеко претпријатието произведувало и разблажено млеко со други намирници за исхрана. Млекото им било  доделувано само на луѓе на кои навистина им било потребно, според упатството на лекар од Детскиот диспанзер или државни и приватни лекари. [10]

Освен месото и млекото, еден од основните продукти во исхраната на скопјани биле и јајцата. Се употребувале  варени или пржени, како додаток на  тесто и  други јадења, а се пиеле и свежи јајца.

Храната не се разликувала многу од денешната, а секој се хранел според материјалните можности. Обично, луѓето  купувале жив добиток и дома го   колеле  и  го подготвувале месото, правеле чварки, кавурма, а чистото месо го ределе во качиња со многу сол и го чувале во подрум на ладно за да не се расипе.

Во доцните вечерни часови низ улиците на градот поминувале бозаџии со стомни полни со боза и на цел глас извикувале: “Боза, боза” и секој си купувал полна стомна, а празната ја враќал следниот ден, , за што сите стари скопјани со носталгија се сеќаваат. Млечните производи, особено јогуртот, се правеле во специјализирани дуќани  и секој  одел со чинија или тенџере  да си купи  според потребата. Пресното млеко се продавало на улица, а го носеле на чези или на магариња. [11]

Во семејството Стојанови Ч'крови, мајката била таа  која се грижела за домашниот живот, децата и исхраната на семејството. Така, секое утро, пред децата да одат на училиште, задолжително добивале појадок. Појадокот се состоел од попара која се правела од леб и млеко или чај. Појадокот бил задолжителен за сите и еднаков за сите од семејството.

Покрај појадокот,  децата добивале и ужина, една претпладне и една попладне кога децата се враќале од училиште или кога доаѓале од играње. Ужината обично се состоела од намачкано лепче со свинска или овча маст посолено со црвен пипер, сол или парче сирење, а во петоците добивале парче леб посипано со шеќер и испрскано со малку вода, за шеќерот да не се истресе. Ручекот и вечерата се служеле секогаш во определено време, кога присуствувало целото семејство. За ручек и вечера храната за сите членови од семејството била иста. Се приготвувале македонски јадења: чорбесто гравче, тавче-гравче, компир-јанија, леќа, зелка, мусака и друго. Ручекот и вечерата се сервирале на софра и софралок. [12]

Храната во семејството Чохаџиќ  била обилна и богата со француски јадења за што се грижела Рашела.

Секоја недела Рашела ја посетувала Католичката црква, а на враќање купувала од рибарниците и касапниците, потоа од  “центрите” за купување кај денешен “Пелистер” и зад црквата Свети Димитрија. Во фурната која се наоѓала во зградата кај Ибни Пајко купувале симит- погача и гевреци кои  во тоа време во градот биле познати како најубави. Во слаткарницата “Милка” се продавале путер-кифли, разновидни виенски колачи и готови славски колачи. [13]


 

[1] На биволите им се давало повеќе храна отколку на  говедата, но сепак, полесно било да се нарани бивол отколку говедо. Биволицата давала повеќе млеко кое било помрсно и поздраво од млекото на кравата. Од биволското млеко се правело најдобро кисело млеко кое било толку густо и тврдо што можело да се сече. Од еден литар биволско млеко се добивале 100 - 200 грама масло. Несомнено, количеството и маснотијата на млекото зависеле од храната со која се хранеле животните. Една биволица дневно можела да даде од 6 до 8 оки млеко, а од 2,5 оки се добивала една ока сирење и 120 грама масло што било за двапати повеќе отколку од кравјото млеко. Споменица 25-годишњице ослобођења Јужне Србије (1912-1937), Скопље 1937, 583.

[2] Д-р Јован Хаџи Васиљевић, “Скопље и његова околина, 1930,  88.

[3] Како се има разносити млеко, “Скопски Гласник” бр. 338,  1934,  6.

[4] Д-р Јован Хаџи Васиљевић, “Скопље и његова околина”, 1930, 110.

[5] Основе здравствене и социјалне политике.., бр.334 од  27.10.1934, 2 и бр. 333 од 20.10.1934, 5.

[6] Д-р Јован Хаџи Васиљевић, “Скопље и његова...”, 1930, 121.

[7] Сеќавања на Лела Божиновска која со родителите живеела во Еврејско маало, а кисело млеко купувале од соседи, галичани, а млекото го мереле во тенџере. Марија Димитрова од Карадаг маало се сеќава дека јогуртот се продавал во специјализирани продавници во земјани тави . Пресното млеко се продавало на улица, а млекото во канти го носеле со чези или магариња.

[8] Д-р Чеслав Никитовић,” Занаетчиство Јужне Србије”,  Скопље 1934, 252.

[9] О. И. Деñненко, Л. П. ОниÈенко, 100 болезнеи-сто рецептов ( Из старинного лечебинка), Киев, Издат. “Орбита”, 1933, 19-20.

[10] Завод о стерилизацији млека (“Кап млека”), “Скопски Гасник” бр. 320, 1934, 6.

[11] Марија Димитрова, сеќавања, теренски истражувања во 1995 год.

[12] Тодор Стојанов Ч'кров, сеќавања, теренски истражувања во 1996 год.

[13] Марија Алексовска, сеќвања, теренски истражувања во 1996 год.