topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Divider
Arrow Bullet Arrow Bullet Arrow Bullet
Divider Divider Divider
Dot Bullet
Покуќнина од дрво
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Покуќнина од метал
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Текстилна покуќнина
Dot Bullet
Dot Bullet
 
Dot Bullet
Dot Bullet
   
Dot Bullet
Dot Bullet
   
Dot Bullet
Dot Bullet
   
Dot Bullet
Пијалаци    
           

Облеката на скопјани

Според бројни пишани сведоштва, фотографии и сеќавања на жителите на Скопје, европската мода “а ла франга”,  во периодот помеѓу двете светски војни ја потиснала источната мода “а ла турка”. Во почетокот на 20 век, градскиот начин на живот почнал да навлегува во секоја куќа. Носијата на доселениците од разни краишта во Скопје, постепено се напуштала. Промената во облекувањето имала важно значење во склучувањето на бракови помеѓу жителите од различни скопски маала, бидејќи некои од нив носеле специфична облека од  местата од каде што се доселиле. Така, жителите од Дебар маало со носијата од дебарскиот крај, се разликувале од другите жители на Скопје. Според тоа, за девојка од Дебар маало да се омажи во некое друго скопско маало, таа морала да ја промени својата носија која со години ја приготвувала како чеиз. Од тие причини била прифаќана градската облека. Интересен е фактот дека промени во облекувањето главно се забележувале кај мажите кои  се занимавале со трговија и печалбарство или престојувале во европски градови заради школување.

Но, тоа не значи дека градската мода во Скопје се појавила во периодот помеѓу двете светски војни,  туку таа била присутна уште во 19 век, особено во  втората половина. Но, во периодот помеѓу двете светски војни почнала да исчезнува ориенталната мода, особено кај христијанското население.

 

39.1. Елисавета и Коце Цветанов со својот син Стефан и снаата Ганка, Елисавета е облечена  во “ала турка”, МГС инв. бр. 4556

 

39.2. Женска облека “ала турка”, МГС

 

Прифаќањето на европската мода пред сé било резултат на  развиените трговски врски на Скопје со европските центри. На пример, скопјанецот Ѓорги Попов не носел фес, туку цилиндар и пелерина според манирите на европските метрополи. [1] Скопските жители се разликувале по верска припадност што се огледувало и во начинот на облекување. Скопските трговци во 19 век носеле антерии, тузлуци, панталони и салтамарки според солунската и цариградската мода. Но, голем дел од муслиманското население, уште од крајот на 19 век ја напуштиле старата мода и стариот начин на живот. [2] Жените, пак, почнале да се облекуваат модерно, како жените од соседните земји, на пр. Гркинките.

 

39.3. Градска мода “ала франга”, семејство Ставриќ, МГС


 

[1] Марина Апостолова-Христовска, “Стари семејства”, Попови, Скопје 1999 , 155.

[2] Д-р Јован Хаџи Васиљевић, “Скопље и његова околина”, бр. 4 од 22.05.1932 год.