topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Divider
Arrow Bullet Arrow Bullet Arrow Bullet
Divider Divider Divider
Dot Bullet
Покуќнина од дрво
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Покуќнина од метал
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Текстилна покуќнина
Dot Bullet
Dot Bullet
 
Dot Bullet
Dot Bullet
   
Dot Bullet
Dot Bullet
   
Dot Bullet
Dot Bullet
   
Dot Bullet
Пијалаци    
           

Процес на исчезнување на традиционалната облека и кројачи на новата европска облека

Со навлегувањето на новата мода се јавила неопходна потреба за учење на кројачки занает, односно шиење на нов вид  облека. [1]

Побогатите скопски фамилии купувале и шиеле  облека според новата мода. Тие ја купувале во европските центри или во скопските дуќани кои увезувале странска стока или   шиеле кај угледните  мајстори. Заради тоа во градот почнале да се организираат курсеви за кроење на градска облека. Во 1923 година во Скопје почнале да се одржуваат курсеви за кроење и правење на женски шапки под раководство на г-ѓа Вишњецки која  била единствена наставничка. Курсевите ги посетувале над 30 жени и девојки, меѓу кои биле и жени од  познати скопски фамилии, како г-ца Арие, г-ѓа Поп Антовиќ и др.

За сиромашни девојки курсот бил бесплатен.  Курсевите  се одржувале секој ден по два часа, наизменично ден кроење, ден шиење. На курсот шапките ги изработувале од хартија во недостиг на друг материјал.

Во 1932 год. во Пасажот на Ароести била  отворена изложба на модели изработени на овие курсеви. Биле презентирани 150 експонати (фустани, костуми, шапки и сл.)  Еден вечерен свилен фустан, во тоа време чинел 150 динари. Меѓутоа, убава шапка купена во работилницата чинела 100 динари. Г-ѓа Вишњецки отворила и вечерен курс за кроење за оние кои преку ден биле зафатени со канцелариска или домашна работа. Успехот на курсот бил голем. За три месеци посетување на курсот, жена која пред тоа не умеела да држи ни игла во раката, можела да изложи свој експонат, модерен фустан и шапка во Пасажот -Ароести. [2]

Со помош на кројачките курсеви дел од скопјанките стекнале знаења од овој занает. Голем број домаќинства купувале модерни машини за шиење. Во Скопје постоело претставништво на фирмата Сингер којашто го снабдувала населението со машини за шиење, како и со делови за нив. [3]   

 

39.4. Курс за шиење организиран од претставништвото на Сингер, МГС инв. бр. 502

 

Во тоа време, во скопските школски програми биле воведени и практични

часови по запознавање на домаќинството, кроење, шиење, плетење и слично. Кроењето на облека се вршело одделно, за мажи и за жени.  Но, имало и голем број  самоуки мајстори. Честопати тоа биле мајките кои  копирале модни кроеви на женска, машка и детска облека, им шиеле на своите блиски и на тој начин штеделе.

Во Скопје се појавиле и голем број трговски дуќани кои нуделе модерна облека. Поради неможноста на голем дел од населението да  купува готова облека, во градот се појавиле голем број модистки, шивачки, чевлари, шапкари, кујунџии и слично.

Во периодот 1923 - 1925 година во Скопје постоеле кројачи на женска и машка облека. Меѓу кројачите на женска облека познати биле: Јосиф Хубачек, Цанта Ѓоргевиќ,  Софија Младеновиќ, Ќира Календаровиќ и др.

Кројачите на машка облека биле помногубројни. Машката облека се шиела повеќе, бидејќи мажите оделе на работа. Кројачки дуќани имале Атанасие Лиакиќ, воено-цивилен кројач, “Гранд Пасаж” на Стојан Стевковиќ, Димитрие Јордановиќ, Ѓорги Петровиќ, Ѓ. Симиќ (машка и женска облека), Ѓ. Деспотовиќ, Ефтим Лиаку,  Илија Анѓеловиќ, Јанко Јовановиќ, Јован Лазаревиќ, Јордан Лазаревиќ, Лазар Панчевиќ, Мино Гикиќ, Никола Дрневиќ, Петар Јовановиќ, Т. Анчевиќ и К. Трајковиќ, Тодор Летиќ, Трифун Чукиќ, Челебон Исаковиќ и други. [4]

 

39.5. кројачки курс одржан во Скопје  во  1926 год., МГС 

 

39.6. Кројачки дуќан во кој работел Димче Димишков како чирак, МГС инв. бр. 4766

 

Во 1928 година во Скопје постоеле модерни салони за женска облека и фустани, а такви биле  познатиот салон на Афродита, Ела П. Ѓорѓевиќ, З.Календаровиќ, Софија Младеновиќ, Нада, Марија Радојчиќ, Славонија и други. [5]

За кројачкиот занает се полагале мајсторски испити според правилникот на Занаетчиската комора во Скопје и се добивало  мајсторско уверение за стручната подготовка на кандидатот со звање мајстор.

Асортиманот за изработка на облека бил богат и разновиден. Биле шиени  жакети, фракови, смокинзи, сакоа струкирани едноредно или дворедно, ранглан, офицерски мундири и блузи, пелерини, зимски палта т.н.  “улстер”, “иберцигер”, панталони “бриџес”, “голф” и др. Женската облека се кроела според модели од посебни списанија. [6]

Скопските шивачи, фините свилени и тенки памучни делови од женската облека ги изработувале рачно, при што шевот го правеле толку прецизно што не можел да се забележи.

Материјалите  од кои била изработена облеката, зависеле од асортиманот во скопските складишта за текстил кои своите дуќани ги обезбедувале со материјали според модата и побарувачката на скопјани.

Во дуќаните за текстил можеле да се купат модерни волнени, памучни и свилени ткаенини  за потребите на кројачките салони и работилници, но и за потребите на индивидуалното шиење во домашни услови. Модерни платна и штофови од увозно потекло од реномирани светски фирми можеле да се купат во голем број складишта за текстил или дуќани, коишто во 30 - тите години на 20 век во Скопје ги имало 36. [7]

Скопското стовариште “Базар Камхи”  нудело секакви видови штофови, крепдешини, велури и други ткаенини. [8]

Во огласите  во скопските весници купувачите биле информирани за асортиманот, цените и сите погодности при купувањето. Така, на пример, новоотворената штофовска работилница на Бранислав Т. Чукиќ во својот оглас ги известувала муштериите  дека штоф за машки костум се продава по цена од 60 до 170  динари за метар, за машки мантили од 90 до 190 динари, а за женски костуми и мантили од 70 до 150 динари, при што во цената влегувала и таксата за целосен сервис за кроење. [9]

Во периодот меѓу 1907 и 1923 година во Скопје работел конфекцискиот дуќан на Тома Танев. Во почетокот на 20 век, дуќанот ги задоволувал потребите на скопјани. Сопственикот Тома Танев се занимавал со кроење, шиење и продавање на облека од штофови купени од познати текстилни фабрики во Англија. Продажбата била ориентирана на големо. Чувството за следење на модата и квалитетното шиење на производи на фирмата í обезбедиле голем број муштерии. Во архивските документи се сочувани фактури од фирмата на Тома Танев за купени штофови и за продажба на облека, а фирмата одржувала деловни контакти и трговски врски со повеќе европски градови, како Солун, Лајпциг, Лондон, Габрово, Милано и други. Од сочуваната скромна преписка се гледа дека за производите на конфекцискиот дуќан на Тома Танев од Скопје во периодот 1907 - 1923 година постоел голем интерес   и надвор од земјата. [10]

Во 1934 година се појавило импрегнираното “хубертус” сукно за машки мантили што го нудел дуќанот  “Тивар”. Овој материјал бил непропустлив и се носел во дождливо време. [11]

 

39.7. Дуќанот “Тивар” на главната улица “Крал Петар”, МГС инв. бр. 1800

 

Многу баран материјал во 20-тите години на 20 век било кадифето, особено за ориенталната облека “а ла турка”, за побогатиот слој на население.

Од кадифе се изработувале свечени женски фустани, везени со златен конец, срма, свила, жакети - сакоа, џамадани, минтани, елечиња и др. Женските делови од облеката направени од кадифе биле посебно убави и необични, и иако биле направени уште во 19 век, тие се носеле како модерна облека и во првите децении на 20 век кога модата “а ла турка”, сé уште целосно не  го отстапила местото на модата “а ла франка”. Кадифе се користело и за изработка на голем број   предмети за домаќинството. Тоа ја преминало границата на 19 век и со ист интензитет се користело и во 20 век. Голем број предмети од кадифе се употребувале заради високиот квалитет и долготрајноста.

Меѓу материјалите што се користеле спаѓале и сатенот и свилата . Од сатен и атлаз се шиеле женски фустани, а во 20-тите и  30-тите години на 20 век се појавиле женски и машки сакоа од подебел сатен поставени со крзно од лисица и се носеле во зимски период. Горната градска облека поставена со крзно била карактеристична и  за мажите и за жените. Честопати, крзното се користело за украсување на реверите или предниците на палтата.

 

39.8. Зимска облека со крзно, Кирил и Димитар Анастасови со сопругите Марија и Рајна со децата/ МГС инв. бр. 3421

 

Од сатен се шиеле широки кошули и  тесни здолништа, а се носеле во комбинација со штепуван блузон во пинк - црвена боја. Иако модерните индустриски ткаенини биле достапни за купувачите, сепак, во широка употреба останувало домашното ткаено платно од лен, памук, волна и коприна, или  пак свила исткаена на разбој.


 

[1] “Скопски Гласник” бр. 409 од 4.04.1936, 2.

[2] Једна интерсна изложба у Скопљу, “Вардар”од 22.05.1932 Скопље, 5.

[3] “Адресар трговачких...”, наведено дело, 91.

[4] “Адресар трговачких предузећа за Јужну Србији (1923-1925)”, Скопље 1925,  80-81.

[5] Владимир А. Рибин, “Пословни адресар”, Скопље 1928, 109.

[6] Д-р Часлав Никитовић, “Занатсво Јужне Србије”, Скопље 1934, 246-247.

[7] Исто, 81-82.

[8] Исто, 66.

[9] “Вардар” Скопље од 1.01.1932 год. 

[10] Архив на град Скопје,  Фонд 137. Конфекциски дуќан на Тома Танев-Скопје (1907-1923),

[11] Скопски Гласник бр. 333 од 20.10.1934, 6.