topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Divider
Arrow Bullet Arrow Bullet Arrow Bullet
Divider Divider Divider
Dot Bullet
Покуќнина од дрво
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Покуќнина од метал
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Текстилна покуќнина
Dot Bullet
Dot Bullet
 
Dot Bullet
Dot Bullet
   
Dot Bullet
Dot Bullet
   
Dot Bullet
Dot Bullet
   
Dot Bullet
Пијалаци    
           

Машка и женска облека

Најновите модели и модни текови биле огласувани во скопските весници, особено во 30-тите години на 20 век. Скопскиот кројач Никодиновиќ, преку разни написи во весниците редовно известувал за актуелната машка мода во тоа време, а информациите кој ги давал потекнувале од париските модни ревии. Така, во пролетта 1932 година се појавила мода на машки сакоа без јака, со еден или два реда копчиња  и со три џеба. Тоа било хит и револуција во машката облека. Со вакво сако се носеле бели панталони. Во тој период се  појавил и мантил за мажи од габардин со свилена карирана постава. Ваквиот мантил бил практичен и комотен,  а се носел во есен и пролет, и при суво и при дождливо време. Како дополнување на мантилот се носела шапка со потенок   обод, чадор, стап за потпирање и сл.

Особено модерно во тоа време било едноредното машко сако со две копчиња, со високи откроени ракави без набор во горниот дел, со нагласен струк, комотно во градите. Новина на ова сако била враќањето на стариот џеб. Се додавало џепче што служело за носење кибрит. Со ваквото сако се носеле широки панталони со низок појас и без елек. Имало и дворедни машки сакоа со шест копчиња, при што горната илика била отворена во таканаречен “рол фазон”.  Ракавите на овој тип сакоа биле тесни и куси за да може да се гледаат манжетните од кошулата. Реверите биле со изразити шпицови, а јаката на плеќите била потесна. Струкот бил нагласен. На левата страна имало мало џепче за шамивче и кибрит. Сакото се дополнувало со долги панталони без манжетни. Со овој модел  се носеле спортски чевли.

 

39.9. Машка мода, МГС инв. бр. 4633

 

39.10. Драган Спасов во свечен костум, МГС инв. бр. 4707

 

39.11. Одборници на град Скопје, МГС инв. бр. 4798

 

39.12. Стар маж во градска облека, МГС

 

Модата во 1932 година  го вратила  стариот начин на китење и разновидни бои, со што била потенцирана скромноста во облекувањето. [1]

Женската облека била разновидна, составена од   фустани од свила, едноделни и дводелни, поставени со американ или друго платно, везени со мониста и бисери, украсени со оја, кадифени ленти, панделки, копчиња, реси или без украси.

 

39.13. Женска облека, семејство Кранго, МГС инв. бр. 4513

 

39.14 Фамилија Кранго, Антигона со сопругот Владо Галиќ, сестрата Лула со сопругот и братот Петар со сопругата,  на бал во Офицерскиот дом во свечена облека, МГС инв. бр. 4512

 

Во дуќанот на Милан А. Мартиќ се нудел голем избор на облека, а особено на летни фустани. [2] Во 20 - тите години на 20 век во Скопје се проширила европската мода “чарлстон”. [3]

 

39.15 Женска мода, МГС инв. бр. 4644

 

Како дополнителен дел на градската женска облека за постари жени останала футата која се разликувала од селската. Градската фута била памучна, ткаена од две дипли. Таа била порабена со шев, во горниот дел струкирана со помош на брусни и со заоблени краеви. Повозрасните жени од побогатите фамилии, како составен дел на градската облека носеле престилки (скутини), над долг фустан од иста ткаенина.

 

39.16 Постара градска жена со престилка од семејството Димишкови, МГС инв. бр. 4759

 

Во пазарните денови во Скопје доаѓале луѓе во разнолика селска носија. Традиционална носија носеле  Евреите, Турците, Власите, Арнаутите, Циганите и Македонците од сите краеви на внатрешноста.

Градските жени муслиманки носеле кошули од домашно тенко ткаено проѕирно свилено платно, дезенирано со линии од подебел свилен конец во самото ткаење. Ваквите кошули се кроеле од едно парче грб и предник со отвор за главата и мал расцеп на градите. Отворот бил поставен со свилено парче. Ракавите биле од горно и долно парче, а се собирале со тенка манжетна. Околу вратот и на манжетните имало украси од  чипка од тенок свилен конец со мемиња.

Облека од салт носеле и православните граѓани. Кај побогатите фамилии, за посебни прилики била изработувана машка везена долна облека од салт. Така, зетот на првиот ден од свадбата носел гаќи од салт, со широк појас везен со свилен бел конец.   Младоженската кошула за спиење била направена од салт во комбинација на белена и небелена свила. Ракавите на кошулата биле собрани во пенче, вратот бил длабоко расечен и се закопчувал со седефни копчиња. Во 20 - тите години на 20 век машката долна облека се променила. Кошулите се шиеле со помали јаки или без нив, биле пократки, а  гаќите биле потесни.

Во 20 -тите години на 20 век женската долна облека добила посовремен изглед со кошули без ракави, плетени во горниот дел и струкирани комбинезони со тенки прерамки од памучни и свилени ткаенини. Тие биле везени и украсени со чипка во посветли бои. Долната женска облека ја сочинувале комбинезони, гаќи, панталони, ноќници, потсукњи, маици, градници. Комбинезоните биле изработувани од домашно тенко платно. Тие биле украсени со вез од мулине со разнобојни конци, со бел вез, со плетена чипка и др.  Се користело и индустриско тенко памучно платно од кое се шиеле комбинезони, ноќници и сл. Во мода биле не само комбинезони, ноќници, туку и блузи, кошули, лизези, фустани за  дома направени од тенко купечко индустриско платно. Фустанот “роба” се изработувал  од асе, со долги ракави и карнер во долниот дел,  украсен со чипка од бел вез, а бил везен по ракавите и џебовите. Од индустриските платна се употребувале разни свилени крепови, памучни и свилени маркизети, батист и др. Начинот на изработка на долната облека се променил. Таа почнала да се шие на машините за шиење Сингер. Но, при изработката на делови од градската облека од индустриско платно, честопати се користел традиционалниот македонски народен вез.

Модерна била лизезата,  горен дел на домашната облека за млади жени, со куси ракави и богат бел вез на  предниот дел.

Може да се заклучи дека скопјани во своето облекување ги прифатиле и носеле европските модели, внесувајќи елементи од националните кроеви, од везот итн.

Жените во семејството Стојанови честопати својата облека, особено свечените тоалети ги купувале во Солун  што им било овозможено заради развиената трговија со овој град.

Секое маало во Скопје имало  шнајдер кој ги шиел костумите на мажите. Облеката на децата, но и на возрасните, како и  долната облека, најчесто ја шиела мајката, бидејки речиси секое домаќинство имало машина за шиење. Облеката, особено материјалите биле набавувани во многуте дуќани во Скопје. Посвечената облека се шиела кај познатите скопски шивачки. Домашната секојдневна облека, здолништа, скуталиња, жените сами ги  шиеле. [4]

 

Ганка својата облека и облеката на нејзините деца ја шиела кај шнајдерки  кои соработувале со муштериите кои доаѓале да купуваат материјали во нивниот дуќан. Ганка ги препорачувала купувачите кај шнајдерите, а пак шнајдерите своите муштерии ги испраќале во дуќанот на Стефан да купуваат материјали. Подоцна Ганка сама си шиела. [5] Чевли правела кај Никола Тримпаре, чевлар кој имал дуќан во нивната куќа на улицата “Максим Горки”, а што се однесува до козметика, не употребувала некои скапи препарати освен кармин, а рацете ги мачкала со лимон и глицерин наместо помада. [6]

 

Облеката во семејството Чохаџиќ била набавувана во Франција, а ја шиеле и кај скопските шивачки кои доаѓале дома, седеле по една недела и шиеле за сите од семејството. Познати шивачки биле Афродита и Фаница. [7]

 

Гардеробата на Вукосава Божиновска била набавувана во Белград. Од Белград набавувала и капути, мантили, шапки со шлаер или сламени за летно време. Облеката што ја шиела во Скопје ја носела кај шнајдерка Еврејка која шиела  по модели одбрани од модни журнали. Таа   употребувала козметика од светски познати марки -  за ден “Пондс”, а за навечер “Токалон”. Косата ја фарбала, а употребувала и колонска вода. [8]

 

Во семејството Трпчановски, облеката ја шиеле кај познатата шнајдерка Афродита која шиела за богатите, а капути и мантили шиеле кај шнајдерот Симиќ. Познати кондураџии кај кои правеле чевли биле Нака и Никола Јада. Шапките биле задолжителен моден детал. [9]

 

 

Материјалите за шиење во семејството Димитровски биле набавувани од Австрија, Франција, но се купувало и во базарот на Шкодриану. Носеле и крзно, сребрени лисици и други  крзнени додатоци. Бидејќи имале златарско-часовничарски дуќан, мајката носела разновиден златен накит на сите балови во Офицерскиот дом. Таа на некој начин била манекен. Сите конзули во градот  купувале накит  во нивниот дуќан. Мајката сама изработувала чипки кои ги плетела на ѓерѓев-зураф кој бил специјален за правење чипка на игла, наречено “ширит англе”.  Изработувала и милиња од исплетени ширити кои ги ставала на хартија, па на платно и потоа  се везело со тулипан конец со игли “чингелаки”. [10]

 

39.17 Марија Димитрова во свечен фустан со пријателка, МГС инв. бр. 4752

 

39.18 Женска облека, МГС инв. бр. 4531


 

[1] Господин Никодимовић, Каква ће бити овог лета мушка мода, “Вардар” бр.2 од 8.05.1932, 9.

[2] “Вардар” бр. 4 од 22.05.1932, 4.

[3] Како уникат од “чарлстон” модата во музејската збирка на Музејот на град Скопје се наоѓа темносин фустан од жерсе. Фустанот е изработен од три дела споени со кордон направен од истиот материјал. Кордонот (чипкаста лента) е прошиен со цик - цак. Фустанот има расцеп со пластрон од темно-сина чипка и слободно пуштено јазиче однапред. Ракавите се долги, со манжетни на закопчување и парче украсна чипка.

[4] Сеќавања на Борис Стојанов Ч'кров, теренски истражувања во 1995 год.

[5] Ганка се сеќава на втората жена на нејзиниот татко. Кога таа сакала да купи шапка, познатите шапкарки и го носеле дома целиот асортиман , таа самата да си одбере, а ист начин на купување имала и кога купувала и други делови од облеката, а шнајдерките í шиеле дома. Ваквиот начин можеле да си го дозволат само добростоечките фамилии. Ганка Стефановска, сеќавања, теренски истражувања, 1996 г.

[6] Ганка Цветанова, сеќавања, теренски истражувања во 1996 год.

[7] Марија Алексовска, сеќавања, теренски истражувања во 1995 год.

[8] Елена Божиновска, сеќавања, теренски истражувања во 1995 год.

[9] Елена Трпчановска, сеќавања, теренски истражувања во 1995 год.

[10] Олга Стојанова, сеќавања, теренски истражувања во 1995 г.