topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Divider
Arrow Bullet Arrow Bullet Arrow Bullet
Divider Divider Divider
Dot Bullet
Покуќнина од дрво
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Покуќнина од метал
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Текстилна покуќнина
Dot Bullet
Dot Bullet
 
Dot Bullet
Dot Bullet
   
Dot Bullet
Dot Bullet
   
Dot Bullet
Dot Bullet
   
Dot Bullet
Пијалаци    
           

Невестинска облека

Невести се облекувале во бел свилен фустан.  Зетот се облекувал во костум со бела кошула, дополнето  со нови модни детали. Облеката на младоженците се менувала според новите модни стилови. Паралелно со невестинската капа, почнала да се употребува и бела свилена марама, позната како дувак, дуваче итн. [1]

Од каде се појавила модата на белиот невестински фустан што се носел не само во градските, туку и во селските средини? Историјата на белиот невестински фустан потекнува од далечното средновековие. [2]

Во првите две децении на 20 век невестата во Скопје носела долг бел фустан кој надолу се ширел и бил украсен на долниот дел.  Носењето на часовник на раката на невестата било новина, но невестите често  на вратот носеле  ѓердани од големи монети, составен дел на народната носија. Невестинскиот превез доживеал трансформација и наместо венец од природни цвеќиња со гранчиња од босилок, невестата носела венец од поголеми и помали бели вештачки цвеќиња, ленти итн.

 

39.32 Деспот Стојковски со сопругата, МГС инв. бр. 4645

 

39.33 Младоженци во 1930 год., МГС инв. бр. 4709

 

39.34 Димитрие и Вангелица Димитровски во 1923 год., МГС инв. бр. 4450

 

39.35 Жермен Чохаџиќ и Милорад Димитријевиќ во 1930 год., МГС инв. бр. 4477

 

39.36 Ганка и Стефан Цветанови, МГС инв. бр. 4544

 

Од 20 - тите години на 20 век,  настанале промени во должината и во кројот на невестинскиот фустан. Тој бил  долг до под колена, а не како на почетокот на 20 век, до глуждовите. Превезот од тенко свилено платно ја надминувал должината на фустанот. Од  20 - тите на 20 век, превезот се навлекувал на челото и се придржувал со еден вид украс, венче со мониста, бисери и сл. Венчето се ставало на крајот на превезот или малку повисоко од работ, со мал набор што му давал посебна убавина. Во 30-тите години традиционалниот невестински венец се ставал не на челото, како пред тоа,  туку  на средината на главата.  Косата на невестата обично била  долга до плеќи.  Свадбениот букет на невестата бил од бели вештачки цветови. Традицијата младоженците да бидат придружувани со мали невестички и девери била зачувана. Возраста на децата-придружници на младоженците била  неограничена. 

Промената на зетовската градска кошула била се однесувала на  јаката. Таа била тесна, напред лежела на градите, а одзади била високо подигната. Наместо вратоврска, се носела бела пеперутка. На левиот ревер од зетовскиот костум се закачувала китка од бели вештачки цвеќиња, а во малиот цеп се ставало бело шамивче. Промени настанале и во реверите на машкото сако. Тоа било поотворено на градите, кошулата повеќе се гледала, за разлика од почетокот на векот  кога копчето од сакото било речиси до грлото.

Во 30-тите години зетот веќе не носел вратоврска туку шарено шалче во вид на вратоврска. Шареното шалче се врзувало под малата јака на кошулата. За постудено време, младоженецот носел ракавици, шапка и сл.

Честопати, побогатите семејства изнајмувале пајтони за свечено возење на невестата и зетот до црквата, до куќата на зетот или до ресторанот каде што се прославувала свадбата.

 

39.37 Лула Кранго и Ѓорѓи Стрезов во 1940 год., МГС инв. бр. 4527

 

39.38 Маламатија, внука од сестрата Синча на Ѓорѓи Кранго , МГС инв. бр. 4528

 

За свадбени церемонии пајтоните биле свечено украсувани. Се правел посебен вид украс од шимшир (зеленика) за младоженците да бидат вечно млади и цветови од хартија која се нарекувале “крехпапир” за животот на младите да биде рајска градина со цвеќиња. Порачката за подготовка на  пајтонот за свадба се правела еден ден порано. Пајтонџијата, исто така бил свечено облечен во костум со бела кошула, вратоврска и шапка.

 

39.39 Павлина Шапчевска, невеста во 1936 год., МГС инв. бр. 4661

 

39.40 Павлина Шапчевска со својот сопруг на венчавка во пајтон, МГС инв. бр. 4662 


[1] Гордана Видиниќ, Трансформација на народната носија во кумановскиот крај од средината

на 19 век до годините после Втората светска војна, “Етнолог” бр. 1,Скопје 1992, 85.

[2] Екатерина Медичи учествувала во подготовката на свадбената облека за невестата. Дотогаш, невестите на славните француски фамилии се облекувале во невестинска облека со црвена боја која не ја сакал Кралот Хенри Втори. Негови омилени бои биле белата и црната. За да му угоди на кралот, Екатерина Медичи ја облекла невестата Марија Стјуарт во бел фустан со бел превез. Овој новитет бил прифатен во Франција, а и пошироко, и оттогаш е зачуван до наши дни. Медичи одиграла голема улога во политичкиот, економскиот и културниот живот на Италија. Името на фамилијата Медичи за првпат се појавува во француските анали од крајот на 12 век. Фамилијата Медичи владеела во Франција од 1434 до 1737 год.,” Популарна енциклопедија”, Београд 1976, 695.