topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Divider
Arrow Bullet Arrow Bullet Arrow Bullet
Divider Divider Divider
Dot Bullet
Покуќнина од дрво
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Покуќнина од метал
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Текстилна покуќнина
Dot Bullet
Dot Bullet
 
Dot Bullet
Dot Bullet
   
Dot Bullet
Dot Bullet
   
Dot Bullet
Dot Bullet
   
Dot Bullet
Пијалаци    
           

Чевли

Според рекламите во скопските весници, во 1933 година во Скопје најмодерни биле високите гумени и кожни чизми за деца, жени и мажи. Најголем дел од женските чевли биле  од превртена кожа, сомот, лак, со украси и без нив, како и во комбинација од повеќе материјали. Долгите женски фустани -”пола сукњи”, овозможиле да се носат високи чевли до глуждот.

Во овој период  особено бил развиен чевларскиот занает, поради потребата од сосема поинаков тип на чевли, според новите модни трендови. Најпознати фирми за чевли биле Бата, Босанец и др.  Посебно интересни биле чевлите наречени “каљачи”, еден вид на гумени заштитни чевли кои лесно се одржувале и се навлекувале врз други чевли со цел заштита од вода и кал. [1]

Најзастапени машки чевли биле чевлите наречени “поти” од црна кожа-бока, рачна изработка. Одоздола ѓонот бил закован со дрвени чивии (клинци), а петицата (топукот) била од ѓон, висока до 2 цм. Чевлите биле подлабоки, а за полесно обување од страната имале вметнато по едно парче куповен ластик.

Друг вид пониски машки чевли биле “прчасти” или старовремски машки чевли. Тие биле изработени од црна кожа со астар и со топук од реден ѓон. Како и кај првиот тип чевли (поти), ѓонот кај “прчастите” чевли се прицврстувал со дрвени чивии. Во постудени денови се носеле повисоки чевли од црна кожа- бокс со широк купечки ластик од страната за полесно обување. Сите чевли биле изработувани рачно од занаетчии чевлари.

Се носеле и високи чизми, војнички, со врзување однапред. Тие биле направени од кожа со памучна дезенирана постава и врвки за шнирање. Ѓонот на чизмите имал по две мали потковици со 9 или  11 дебели шајки.

 

39.41 Сарачки дуќан на Радивој Јовиќ кој произведувал куфери и чевли, МГС инв. бр. 523

 

Во 20 - тите и 30 - тите години на 20 век се носел модел на женски чевли со нагласено широко налче (топук) во долниот дел и со врзување однапред. Вакви чевли во минатото носеле модерни млади жени и моми.

Специфична била  модата на женски градски папучи од кожа - шевро, со мало налче, заострен врв и со украс во вид на машничка во предниот дел. Овие градски папучи за млади жени ги изработувале занаетчии - папуџии. Биле изработувани од кожа, везени, украсувани  со мониста, пуфки и слично. Овие папучи биле шиени, а лицето и долниот дел од ѓонот се спојувале со жолта жица - конец што им давал посебна убавина.

Честопати лицето на папучите невестата го везела и го ставала во бовчалок за зетот. Лицето се везело по атлаз (честопати и бел атлаз), по к'нва или на кожа со растителен мотив, а понекогаш и со човечки лик.

Традиционален вид на обувки биле  дрвените налани  и ниските чевли со кожен ремен за придржување на ногата. Наланите некогаш биле украсувани со инкрустрација од седеф низ целата дрвена површина и од страните. Вакви богато украсени налани носеле градските жени дома, додека скромни налани без украс, носеле во бањите.

Во Старата скопска чаршија постоеле опинчари и чевлари. Опинчарите главно работеле за потребите на селаните, а чевларите изработувале разновидни чевли (отворени, затворени, плитки и длабоки, машки, женски и детски, бркатлии, емении, јаран - поти и сл.) Кондураџиите имале работилници за поправка на стари чевли. [2]

 

39.42 Работилница на Конфекциската задруга во 1933 год., МГС

 Чевли биле порачувани кај Милан Лонкин од Куманово и Тома Зизовиќ кој изработувал чевли по грчки модели. Познат кројач бил Максо  кој кога шиел, правел четири проби кои младите ги нарекувале кинеска, јапонска, париска и германска. Мажите носеле бекембарди, а познати фризери биле Бабамов, Младен глувиот, Цафуре и др. Се носеле и очила за сонце што се набавувале во Белград. [3]

Во Скопје, во почетокот на 1932 година се појавило претпријатие - Фабрика за чорапи на Генералното трговско А.Д.

Многу брзо фабриката своите производи почнала да ги пласира не само во Македонија, туку и во Белград. Биле произведувани градски чорапи, доколенки од розе, бел и бледо-жолт памучен конец, во горниот дел завршувале со потплет или со широк ластик. Тие биле прошарани со хоризонтални потесни и пошироки линии од друга боја или ажур низ целата чорапа од горе надолу.

Градските чорапи од волна исто така биле до колена, со плетен ластик во горниот дел и мала скромна шарка на надворешниот дел на прстите. [4]

Се носеле кајзер-чорапи кои биле многу популарни меѓу младите. На Велики петок во црквите имало вистински таканаречени реви-моди, кога сите биле облечени во нова облека, а обичај било да  се купуваат переци.   [5]


 

[1] Скопски Гласник бр. 241 и бр. 243 ,  1933, 6.

[2] Алла Качева, Традиционална изработка на кожата во Скопје, “Етнолог” бр. 4-5, Скопје, 1994, 150.

[3] Боривое Градишки, сеќавања, теренски истражувања во 1995 год.

[4] Архив на град Скопје, фонд  137.  Конфекциски дуќан на Тома Танев, Скопје (1907-1923),

[5] Владимир Саздов Антевски, сеќавања, теренски истражувања во 1995 год.