topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Divider
Arrow Bullet Arrow Bullet Arrow Bullet
Divider Divider Divider
Dot Bullet
Покуќнина од дрво
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Покуќнина од метал
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Текстилна покуќнина
Dot Bullet
Dot Bullet
 
Dot Bullet
Dot Bullet
   
Dot Bullet
Dot Bullet
   
Dot Bullet
Dot Bullet
   
Dot Bullet
Пијалаци    
           

Китење и украсување

Китењето  и дотерувањето биле главни компоненти на модерниот изглед на граѓаните, наследени од дамнина. Носењето  накит било поврзано со многу важни моменти во животот на човекот. Се кителе и се дотерувале и жените, и мажите и децата од различни социјални слоеви и на различен начин. Тие ги украсувале косите, челото, ушите, слепоочниците на главата, вратот, градите, прстите и зглобовите од раката, појасот, па дури и стомакот.

Накитот во овој периодот  имал највеќе естетски и   декоративен карактер   . Тој ја определувал социјално-економската припадност на луѓето, претставувал религиозен симбол и го манифестирал естетскиот вкус на човекот.

Со промената на модата се променил и накитот.  Сé повеќе се носел накит од злато, бисери, скапоцени камења и сл.

Посебен вид на женски накит претставувале обетките. Тие биле направени од злато, сребро, бакар, месинг и се користеле во секојдневниот живот и за свечени прилики.  Во минатото и мажите носеле обетки што претставувало знак на ропство и покорност.  За обетката постојат  и  легенди. Кога во фамилија без деца се раѓало долгоочекувано машко дете, од седум многудетни мајки биле собирани скршени делови од сребрен накит и се правела обетка за   новороденчето. Ваквото дете обетката ја носело сé до својата свадба.

Познати се и здравствени причини за носење на обетки. Медицината докажала дека прободувањето на ушите претставува профилактика од кусогледост. [1]

Обетките имале разновидни форми и димензии, од лесни и едноставни до поголеми и потешки, па дури и на неколку нивоа кои при носењето се спуштале и до рамото. Биле украсувани со скапоцени и полускапоцени декоративни камења, со бисери, мониста, или пак биле изработени од метал во филигран или ажур техника. Честопати, како и секој друг накит, обетките можеле да бидат направени од монети. Секако дека ваквиот накит претставувал одраз на материјалната состојба на човекот.

 

39.57. Украсување на младите девојки од семејството Јаневи, МГС инв. бр. 4858

 

Во Скопје многу се носеле  обетки направени од монети. Обетки - менѓуши од мала турска пара  носеле муслиманките, но и жените од други вери . Исклучок претставувале еврејските жени во чија средина доминирале симболи од нивната религија.

За украсување на рацете најголема улога имале прстените. Кај жените тоа било задолжително, а понекогаш прстени носеле и мажите. Според старите преданија, носењето прстен било задолжително, инаку рацете на жената не биле ритуално чисти и таа не смеела да готви храна. За мажите прстенот не бил само украс, туку неопходен предмет, бидејќи играл улога и на мур- печат што го заменувал потписот во време на голема неписменост меѓу населението.

Кај мухамеданците  бил почитуван прстенот од сребро ,”раџаби”, без камен  кој се изработувал во месецот Раџаби, кога, според легендата, пророкот Мухамед се издигнал на небото. Вакви прстени носеле постари луѓе и по обичај тие не се ваделе од раката при погребувањето.

Зависно од социјалната положба на жената, таа можела да носи и по неколку прстени на рацете.

Каменот во прстенот најчесто имал посебно значење. На пример, ако бил во облик на око, го носеле против урок. Многупати каменот на прстенот бил ист како и на огрлицата, дијадемата или обетките. Вредноста на накитот се определувала според вредноста на материјалот од кој бил изработен, но и според уметничката изведба, камењата и сл. Прстените од злато, сребро, или злато и сребро или од друг метал биле уметнички обликувани со гравирање, филигранска обработка, вметнување на иницијали, име на сопственикот или друго што било особено карактеристично за муслиманските прстени. Постоеле и прстени со вметната монета.

Постои легенда според која бурмата се носела како спомен на Прометеј  кој на луѓето им го подарил огнот. Бурмата е симбол на алките од синџирот со кој Прометеј бил врзан на карпата. [2]

Венчавањето со бурма ја симболизира врзаноста на жената и мажот, а нивниот живот треба да биде бескраен како на бурмата. Зглобот на раката го украсувале со нараквици или белегзии, брезлетни и сл.

Се носеле белегзии од басма, везена со разнобоен мулине-конец, мониста или од метал со помала вредност - бакар, месинг, од  дрво, семки и плодови од растенија или од делови на животни, волчји заб, поситна коска и сл. За правење на белегзиите се користеле и  коски, рогови, камења.

Постоела разноликост и во формата на белегзиите и нивната орнаментика, од мали со необично мазна површина и речиси со примитивен орнамент, до широки со филигран изработка, богат орнамент со вметнати камења итн.

Белегзиите ги правеле кујунџии во лито-техника, чукање со чекан, во филигран или ажур изведба, нанесувајќи плоснати или релјефни шарки. Имало нараквици чии  краеви завршувале во вид на глава на некое животно - змија, лав, птица и др. Користењето на растителни и геометриски орнаменти имало магиска симболика. Растенијата биле симбол на животот, а кругот и шестокраката ѕвезда  штителе од лоши  духови.

Побогатите граѓани обично носеле брезлетни на закопчување. Тие се правеле со двокрилни вратички или со подвижно метално парче со игла што требало да се протне низ него. Оваа игла секогаш била поврзана со синџирче за да не падне при носењето. Се носеле и белегзии без механизам за закопчување. Тие се ставале на рака слободно, биле во форма на полумесечина, алка, а некои имале и квадратна форма. Христијанките носеле  нараквици (белегзии) со крст. Според легендата, белегзии требале да се носат на една, или по една на двете раце.

Украси за градите најчесто биле крстовите. Тие понекогаш биле со масивни синџири, со камења во боја, со лице и наличје. Материјалот за изработка на големи и мали крстови бил ист како и за другиот накит. Крст носеле не само црковни лица, туку и верници. 

Друг накит за на гради била огрлицата. Жените и девојките носеле огрлици од бисери, црвени корали, полускапоцени или декоративни камења, метал, мониста, дрво, пластика, семки и плодови од растенија, коска, рогови и др. Честопати накитот го изработувале дома.   Жените наследиле од минатото носење на огрлици долги до клучните коски. Од 20-тите години на 20 век се носеле огрлица долги и до појас (стил чарлстон ). Носењето на огрлици и друг накит имало и магиско значење. Имено, се сметало дека носењето огрлица го спречува влегување на лоши духови во човечкото тело, а женското тело било посебно заштитувано заради мајчинството. Жените носеле огрлици во различни форми направени од мониста, камчиња итн.  Ѓерданите биле ниски, од различен материјал, од поголеми или помали турски монети и др. Претставници на муслиманската верска, особено бекташите , како украс на вратот со магиско значење, носеле волчји заб, а останатите “ѓубек - таш”. Двата  украса се протнувале на  врвка и се носеле на вратот. Од муслиманските украси  се носеле и куран - амајлија во вид на минијатурна книга со корици од дебела хартија. Куран - амајлијата ја носела невестата - муслиманка околу вратот  пред свадбата.

Други муслимански амајлии биле триаголниците од разнобојна мониста. Тие се закачувале на капчето или облеката на децата. Возрасните носеле амајлии скриени од погледи, но не пониско од половината. Носењето на амајлија подолу од појасот не било  дозволено според муслиманските канони.

Триаголникот е симбол и во христијанската и во муслиманската митологија. Тој бил застапен во накитот, а се среќавал и во везбената орнаментика. Жените и девојките од мухамеданска вера во својата облека имале дел, пластрон, парче ткаенина, во триаголна форма. Обично само овој дел се везел најчесто со сјајни пулии, мониста, срма и сл. Пластронот, пред сé бил украс за градите, но имал и магиска моќ. Кај жените и девојките од христијанска па и од други вери, со посебна магиска моќ биле јаките, како дополнителен дел на фустанот, блузата. Јаките имале различна форма на закопчување, под грло или со помош на   брош и сл. Нив ги правеле од атлаз, црн или бел сатен, ги плетеле од потенок или подебел памучен или свилен конец, со оја, тенко домашно ткаено платно и сл.

Од многубројните украси за на гради  се и ќустеците од мониста, сребро, со китки и мемиња, со вметната проѕирна и црна мониста и камења. Според митологијата, проѕирноста претставувала две животни основи - вода и воздух, без кои човекот не може да постои. Во накитот биле вметнувани и некои симболични предмети во минијатура. Тие имале специјална намена во накитот па затоа биле орнаментирани, гравирани, декорирани и сл. На пример, постоеле ѓердани со вметнати клучеви. Тоа биле клучеви од непостоечки сандаци и претставувале симбол на богатство. [3]

Како предмет за украсување се сметале и копчињата, особено оние од метал за поскапа облека. Тие биле стилизирани, богато орнаментирани, а ги изработувале кујунџии,   копчари и други занаетчии. Како дел од китењето биле и разни игли, брошеви, украси за вратоврски. Појасните и стомачните украсувања биле поскромни. Богато орнаментирани или скромно изработени во домашни услови колани, ремени и др. се користеле за нагласување на струкот кај жените и за придржување на панталоните кај мажите. Понекогаш тие биле со метална тока во вид на глава од некое животно, сончев диск, розета, полумесечина, баде и сл.

 

39.58 Млади жени со модни додатоци на облеката, МГС инв. бр. 4507

 

Порано, во машкиот појас “силав” се носеле ситни, но неопходни предмети -  паричник, нож, ќесе со тутун или кутија за цигари, луле, припојасница, дивит, кремен за добивање оган и сл. Со појавата на градскиот машки костум со многу џебови, исчезнал појасот кој мажите го носеле уште во првите децении од 20 век. Неговата функција ја вршел ременот од кожа, монистен ремен итн.

Поимотните граѓани и дел од скопската интелигенција во споменатиот период носеле портмоне или паричници од кожа, ќесиња, а жените чанти. Чибуците или цигарлаците во тоа време биле посебни предмети за дотерување на машкиот и женскиот свет. За домашна употреба пушачите имале посебни врсти цигарлаци, украсени и филигрански изработени, гравирани, со скапоцени камења, ќилибар и др. Женските цигарлаци биле минијатурни, орнаментирани, изработени од скапи суровини. Честопати чибуците биле од дрво, со плитка резба, или пак украсени со горење итн. Не помалку важни биле и кутиите за носење и чување на тутун или цигари. Некои од нив претставувале вистински ремек-дела. Честопати како украс бил користен седеф, сребро итн. 

Женските табакери се разликувале од машките во димензиите, бидејќи се носеле во чанта.

Мошне застапени биле и малите паричници за чување ситни пари. [4]

Од предметите за дотерување голема вредност и важност имале часовниците. Називот “џепни” часовници наведува на машката припадност на ваквите предмети. Биле носени и рачни часовници, особено мали и минијатурни женски, за разлика од машките кои биле  поголеми, потешки, честопати со дупли капаци, синџирчиња итн. Часовниците биле увозни. Украс биле и бројаниците што мажите ги носеле во рака.

Според наведените податоци може да се заклучи дека граѓаните на Скопје од сите слоеви на население и различна  вероисповед биле склони на китење и дотерување, ја  прифаќале и прилагодувале на своите можности новата мода, што се должи на нивната вековна традиција.


 

[1] Д. А. Фахретдинова, “Валирное искусство Узбекистана”, Ташкент, Издателство литература и искусства имени Гафура Гул ма, 1988, 71-123.

[2] Исто, 123-159.

[3] Хубаит Тифлиси, “Описание мастеров “, Москва 1976.

[4] Во колекцијата на етнолошки предмети во Музејот на град Скопје се наоѓа еден ваков паричник од мониста на кој е извезена годината на изработка - 1911  . Интересен е историјатот на овој необичен предмет. Сопственик на паричникот бил д-р Тома Дендру. Според кажувањата на неговите подалечни роднини, докторот го добил паричникот од еден затвореник.