topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Arrow Bullet
Divider
   

Свадбени обичаи

Обично девојките се мажеле со помош на наводаџии.  Многу важна улога на самата свадба играле кумот и деверот. Деверот ги “плаќал” чевлите на невестата во нејзиниот дом кога ја земале  за венчавање. Таа пред него ги пробувала и велела дека не í се точни, а деверот ги земал, ги вртел  трипати во рака, божем не ñ влегуваат и откако ќе ги “плател”,  односно ќе ги наполнел со  пари, таа ги облекува. Побогатите семејства до црквата на венчавка оделе со пајтон, а посиромашните пешки. На чело на колоната до црквата оделе свирачи. Кумот бил многу ценет од младоженците и го сметале  за нивен духовен татко. На самата венчавка кумот им ставал  на младоженците платно преку рацете кои им се вкрстени, со симболика вечно да останат “врзани” заедно. Тие пак кумот и кумата ги дарувале со бовчалоци. По вртењето околу олтарот над младоженците се фрлале бонбони и леблебии, со симболика да имаат плоден брак. Свадбата продолжува со веселба која најчесто била дома кај младоженецот.

Во понеделникот, по свадбата, жените оделе на блага ракија ритуал проследен со шеги на сметка на првата брачна ноќ -  на свекрвата í се горат гаќите и невестата ги послужува со чашка црвена ракија. Симболиката на овој чин е чесноста на невестата. [1]

 Пред свадбата кога невестата со другарките одела на капење во Бања, таа со неа носела и погачи и други јадења, а другарките носеле дајриња па  играле  ора , а на невестата и ставале к'на.

По свадбата Ганка памети дека кога влегла во дворот, на свекорот кој седел на стол како и на свекрвата  им бакнала рака  и им дала бовчалок, а на свекрвата одзади и пуштале вода викајќи “ Ау, се измоча свекрвата”. [2]

 Често младите брачни двојки се запознавале на баловите во Офицерскиот дом. Во салата на една страна седеле девојките облечени во долги свечени фустани, а на другата момчињата во фракови. Ако некое момче сакало  да игра со некоја девојка,  морал да го замоли за дозвола нејзиниот  татко. Елена го запознала својот сопруг на излет, а средбата била со стројници. Веридбата ја прославиле дома, иако многу граѓани ја славеле во Офицерскиот дом. На веридбата Елена ги дарувала сватовите со бовчалоци, а неа сопругот со злато. Пред свадбата девојката одела на бања со другарките, каде што ги послужувала со погача и кашкавал. Свадбата на Елена со Атанасие Атанасиевиќ била во хотелот Бристол. Фустанот на Елена бил изработен од кипер чипка и капче изработено од познатите скопски шапкарки Лујза и Јелена. Свадбените слики ги направиле кај познатиот фотограф Ковалски. За свадбата на Елена, татко í изнајмил автомобил, украсен со вештачки цвеќиња,со кој се возеле од црквата до хотелот. [3]   

 Свадбите најчесто се правеле дома. Во дворовите биле поставувани маси. Храната за свадбата ја правел изнајмен готвач, а ја служеле момчиња со бели престилки. За појадок на сватовите се меселе пити и кисело млеко. [4]

 

41.10 Свадба со музиканти во 20-тите години на 20 век, МГС инв. бр. 715

 

41.11 Зет и невеста со девер и деверуша, Димишкови, МГС инв. бр. 4764

 

41.12 Лула, ќерка на Ѓорѓи Кранго, со децата на сестрата Антигона како деверуши, МГС инв. бр. 4526

 

41.13 Ганка и Стафан Цветанови на излез од црквата по венчавката, МГС инв. бр. 4555

 

41.14 Жермен и Милорад Димитријевиќ, групна фотографија со сватови, МГС инв. бр. 4478

 

41.15 Томе Кратовалиев вози младоженци со пајтон во 1930 год., МГС

 

41.16 Младите девојчиња од католичка вера, на денот на својата конфирмација се облечени во невестински фустанчиња, МГС инв. бр. 3676


 

[1] Пандора Шетловска, сеќавања, теренски истражувања во 1995 год.

[2] Ганка Цветанова, сеќавања, теренски истражувања во 1995 год.

[3] Елена Трпчановска, сеќавања, теренски истражувања во 1995 год.

[4] Марица Павловска Димишкова, сеќавања, теренски истражувања во 1996 год.