Мртовецот се бришел со
влажна крпа и се облекувал во понова облека. Во куќата сите огледала
се покривале со крпи и така останувале цела ноќ. Погребната опрема
во побогатите семејства се купувала, а во посиромашните, самите
роднини го правеле сандакот од штици.
На погребот се
раздавала пченица, а потоа најблиските на починатиот се враќале дома
на ручек.
Се жалело со црна
облека која се носела обично 2-3 години.
Христијанските гробови
биле исти. Гробот се оградувал со бетонска ограда, а врз неа се
ставала камена плоча и крст. Сите кои имале близок починат го
одбележувале Духов ден. Тогаш оделе на гробишта од вечер, на гробот
ределе листови од орев и потоа врз него ставале јадења. На Духов ден
обично се носело сутлијаш, пита и млечник (сукана кора врз која се
става смеса од еден кг млеко, брашно, ванила, јајца, и се пече).

41.17 Тажење за
мртовец, МГС

41.18 Закопнина на Коце
Мишев, дедо на Миодраг Хаџи Ристиќ, МГС инв. бр. 4802

41.19 Носење на мртовец
во црква, МГС
|